MonoWheel е многу слично на моноцикл, со таа разлика што треба да седите внатре во тркалото. Ова е една навистина луда машина и ниеден брз моторцикл не може ни да се спореди со забавата што ја нуди.
„Кога и да ги учам луѓето како да го оват, им велам да заборават на сето познавање што го имаат за моторциклите“ вели Хантер Хауел, возачот на овој Monowheel на видеото.
Тој се занимава со адреналински спортови и сака да вози секакви луди машини. Пред да почне да вози МonoWheel тој професионално возел моноцикли 15 години. Тогаш добил луда идеја – како ќе биде да се вози една тркало со мотор во него.
MonoWheel има мотор со моќност од 5 коњски сили. За да завртите лево или десно треба да се навалите, а гасот и кочницата се поставени на двете страни од рачките. Првиот MonoWheel му го дал мајсторот за вакви машини, Кери Меклин, но Хауер направил модификации. На видеото може да се види една од тие модификации, МonoWheel со тркало од трактор, тешко овеќе од 200 килограми.