Emirates пред неколку дена додаде 3Д виртуелно искуство на својата интернет-страница и на посетителите им овозможи виртуелно да ја разгледуваат внатрешноста на нивните авиони A380. Корисниците можат да „талкаат“ низ 3Д приказите на сите класи во авионите: економска, бизнис и прва класа, како и низ луксузните простории за одмор и тушевите.
Во текот на виртуелните тури можат и да седнат на седиштата во секоја кабина и да видат каков е погледот и што добиваат со билетите, а можат и да ги вклучуваат и исклучуваат светлата во кабината, пишува CNET. Вистинската новина е кај поскапите секции од авионите, каде што корисниците имаат повеќе простор за да ги испружат нозете и мини-бар.
Виртуелните тури на страницата на Emirates може да се погледнат преку посета на страницата преку мобилен уред и да си резервираат седиште во виртуелна средина, а и навигацијата во кабината и изборот на седиште може да се направат со кои било очила за виртуелна реалност.
„Задоволство ни е што сме првата авиокомпанија во светот која воведува врвна технологија за виртуелна реалност, која на корисниците им овозможува да дознаат повеќе за фантастичното искуство со Emirates пред да седнат во авион“, велат од Emirates.