ВИДЕО: PancakeBot е првиот робот за 3Д печатење палачинки во светот

- Advertisement -

PancakeBot е робот кој ви овозможува да печатите палачинки во какво сакате дизајн што ќе го замислите. Навистина е лесно и забавно и нема потреба да сте вистински уметник или готвач за да ги направите. Благодарение на практичниот софтвер можете да дизајнирате палачинки и секоја слика да ја претворите во палачинка.

Дури и детските цртежи може да станат вкусни палачинки. Софтверот ќе ја креира идентичната слика било да е некој цртан лик, лого, фотографија на производ  и PancakeBot ќе ја заврши останатата работа. Како уметник, вие контролирате како се нацртани линиите и каде ќе има засенување.

- Advertisement -

Сликите може потоа да се складираат на SD картичка и истите дизајни може да ги печатите колку што сакате.

Сподели!
- Advertisement -