Со овие апликации сигурно ќе ги преживеете сите летни авантури (2 дел)

- Advertisement -

Училиштето заврши, летото е тука, а тоа значи дека многу почесто сме на отворено и на голема топлина. Додека метеоролозите и лекарите постојано предупредуваат дека на високи температури треба да се пазиме од штетното УВ зрачење, да пиеме доволно течности и да седиме во ладно, факт е дека многумина од нас забораваат на тие совети. За среќа, како што пренесува 24sata, денес имаме многу апликации и гаџети кои летно време не штитат од сонцето и ни помагаат да се грижиме за нашето здравје. Еве неколку од нив.

SunSense (Raymio)

- Advertisement -

Низ практични алатки апликацијата ќе ви каже колку долго смеете да останете на сонце, но тоа ќе го покаже со помош на едноставен часовник на кои стои и кој заштитен фактор на крема треба да го имате. Можете да и кажете каде ќе престојувате, па податоците ќе ги прилагоди на средината. Со апликацијата може да се поврзе и паметна бразлетна која има УВ сензори, ЛЕД индикатор, но за жал, таа е достапна само за поддржувачите на платформата Indiegogo. (iOS, Android)

Waterlogged

- Advertisement -

Сите знаеме дека треба да пиеме доволно течност во текот на денот, но поради различните обврски, често забораваме. Особено летно време, кога има огромни горештини, треба да бидеме повнимателни, Апликацијата Waterlogged ви овозможува да ги следите пијалаците кои сте ги испиле, но ви нуди и различни шишиња и чаши за полесно да го следите внесот на течности. Можете да внесете омилени пијалаци за полесно да ги внесете течностите по тренингот, (iOS, Android)

Rooti CliMate

- Advertisement -

Разни метео апликации ни се корисни затоа што ни покажуваат какво ќе биде времето, но податоците за моменталното време обично се од метеоролошките станици. CliMate e Bluetooth гаџет кој ви нуди моментални податоци околу вас и во реално време ја мери температурата, влагата и УВ зрачењето. Така преку сензорите можете да дознаете колку време да останете на плажа.

Сподели!
- Advertisement -