Selfly е летачка дрон-маска за телефон

- Advertisement -

Selfly е дрон маска за телефон која е дело на компанијата за производство на камери AEE. Selfly, всушност, е дрон кој се вклопува во маската за телефон и може да снима, да емитува видеа во живо и да фотографира со резолуција од 1080р и 60fps со помош на сензори на Sony. Самото куќиште на дронот е дебело околу 1 см.

Selfly може да се набави по цена од околу 130 долари, а куќиштето каде што се полни е дополнителни 30 долари. Selfly не се полни во маската и може да се користи 4 минути кога целосно ќе се наполни. Има опција да лебди во воздухот на совршена висина за да прави панорамски фотографии.
Корисниците можат да го контролираат дронот со виртуелен џојстик. Едноставно треба да посочат на екранот од телефонот и дронот ќе одлета таму.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -