Кит направен од 5 тони пластичен отпад се појави на канал во Бриж

- Advertisement -

Пет тони пластичен отпад беше извлечен од океан и претворен во “Китот на Бриж”, односно масивна скулптура која има за цел да ги поттикне луѓето да размислуваат колку отпад фрлаат во океаните. Китот е дизајниран од Џејсон Климоски и Лесли Ченг од StudioKCA од Бруклин. Ова масивно уметничко дело е дел од 2018 Bruges Triennial на тема „Liquid City“. Китот Бриж, кој исто така го нарекуваат Skyscraper (облакодер), е поставен на каналот веднаш наспроти статуата на Јан ван Ајк, пишува Inhabitat.

Инсталиран во World Heritage центарот на УНЕСКО во Бриж, Китот Бриж е создаден со цел да го привлече вниманието кон количината пластичен отпад која влегува во океаните – 8 милиони тони годишно. Во соработка со Hawaii Wildlife Fund и Suder Foundation, StudioKCA собра повеќе од 5 тони пластичен отпад од океаните за четири месеци. По чистењето и сортирањето на отпадот, тимот лансираше и успешна кампања на Kickstarter за да го заживее проектот и да собере средства за челичниот и алиминиумски структурен систем.

- Advertisement -

„Ѕkyscraper е физички пример како треба да го смениме начинот на кој ја користиме и на кој се ослободуваме од платиката. Китот висок колку една четирикатница е направен од пластичен отпад кој го извадивме од океан и треба да ја подигне свеста дека има уште 150 милиони тони отпад во океаните. Колку повеќе луѓе знаат за проблмот, толку подобро. Ова е вистинска можност да се подигне свеста на поголема публика за овој глобален проблем”, велат одговорните за проектот.

Bruges Triennial 2018 е бесплатен настан, кој се очекува да го посетат повеќе од 2 милиони луѓе. Овој настан, посветен на уметноста и архитектурата, се одржува од 5 мај со 16 септември.

Сподели!
- Advertisement -