Coca-Cola летово во Турција лансираше линија лименки кои ја менуваат бојата. Термохроматското мастило овозможува дизајнот на лименката со газираниот пијалак да ја менува бојата во зависност од телесната температура на тој што ја држи и пие. Во партнерство со лидерската компанија за производство на амбалажи Crown Holdings, овие нови дизајни се достапни ексклузивно за производите Coke Red и Coke Zero, пишува PSFK.
Лимитираната серија лименки се опишува како еквивалент на прстените кои менуваат боја во зависност од расположението. Глобалниот бренд за газирани пијалаци се уште го нуди истиот пијалак во лименките. Претходно Coca-Cola го искористи термохроматското мастило повеќе за поголема функционалност. Сепак, оваа креативна кампања може ќе и помогне на компанијата да го надомести падот на продажбата на глобално ниво. Можеби со естетскиот дизајн Coca-Cola ќе ги привлече консументите кои се префрлиле на поздрави верзии на пијалаци.
Вклучувањето на необичното мастило во производите на Coke и необичноста на новата амбалажа може да привлече поголемо внимание од јавноста и повеќе консументи на Coke Red и Coke Zero во време кога многумина избираат поздрави пијалаци наместо газираните.