Четири начини како да ги заштите вашите лични и податоци од картичката додека сте на одмор

- Advertisement -

Во денешно време, дигиталната сигурност е важна како и заклучување на вратата при излегување од дома. За време на летниот одмор, последно нешто на кое помислуваме е заштитата на нашите лични податоци и податоците од нашите кредитни картички.

За да не ви се претвори летниот одмор во непријатно искуство, следете ги овие пет совети за тоа како да ги заштите податоците додека летувате.

- Advertisement -

1. Проверете ја сигурноста на Wi-Fi мрежите

Без разлика дали сакате да објавите фотографија од одморот на социјалните мрежи или да погледнете епизода од омилената серија на интернет, сигурно во текот на одморот ќе се обидете да се приклучите на некоја безжична мрежа.

- Advertisement -

Проблемот е тоа што хакерите често пати креираат лажни безжични мрежи за посетители на некој ресторан или хотел, со истото името како на локалот, притоа оставајќи ја отворена за да се обидат корисниците веднаш да се приклучат на неа. Но откако ќе се закачите, за да се конектирате ќе ви побара логирање со профилот од Facebook од каде можат да ви ги повлечат личните податоци или да платите ситна сума за да добиете интернет, со што пак можат да ви ги украдат податоците од картичката.

Пред да се приклучите на некоја безжична мрежа, прашајте го персоналот во ресторанот или хотелот да ви потврди која е точната мрежа за да избегнете вакви ситуации.

- Advertisement -

2. Купете VPN

Ако веќе морате да се приклучите на непроверени мрежи, купете VPN преку кој ќе ги сокриете податоците кои ги испраќате додека сте приклучени на мрежата за да не може никој да ви ги украде.

Уште една предност од користењето на VPN е тоа што ќе ви биде сокриена и локацијата, со тоа што доколку сте во држава како Турција или Кина каде одредени веб страници се забранети, со користењето на VPN ќе го избегнете овој проблем.

3. Користете апликација за управување со лозинки

Често пати може да се случи да ја заборавиме лозинката на некои од сервисите кои ги користиме, особено доколку користиме повеќе.

Преку апликација за управување со лозинки, сите ваши лозинки и пинови од картичките ќе ви бидат двојно заштитени – преку лозинка на вашиот телефон и лозинка за влез во апликацијата.

4. Користете банкомати само во банките

Туристичките локации изобилуваат со банкомати на секој чекор, но освен што сите не даваат поволни услови за извлекување на пари од вашата картичка, голем дел од нив може и да се лажни.

За да се заштитите во случаи кога ќе ви треба готовина, најдете банкомат кој ќе биде сместен во некоја банкарска филијала каде се минимални шансите да наидете на проблем, а дури и ако се случи тоа, ќе имате директно каде да се пожалите. За целосно да ги избегнете ваквите ситуации, користете ја картичката само за плаќање на терминали.

Сподели!
- Advertisement -