Македонски студенти по архитектура и дизајн ја креираа оваа вертикална градина за зачини

- Advertisement -

Студентите кои учествуваа во седумднвената летна работилница во Јавна соба изработија прототип на мобилна вертикална градина за одгледување на зачини, решение кое може да прерасне во производ кој ќе биде користен во ХОРЕКА (хотели, ресторани и кафилиња) секторот

Осум студенти од Архитектонски факултет и Факултетот за дизајн на мебел и ентериер од Скопје  изработија мобилна вертикaлна градина за одгледување на зачини. Прототипот е изработен  под менторство на Лаурент Вие Лапонте и Роби Вајл, двајцата од студиото Милиметарсеконде, специјализирано за производи од дрво. Престојот и работењето на менторите е поддржано од регионалната програмата за развој на млади претприемачи во креaтивните индустрии од страна Swiss Contact.

Мобилната вертикална градина ќе биде доработена и како финален прототип ќе биде изложена на овогодишното издание на Skopje Design Week, од 21 до 25 ноември на повеќе локации низ Скопје.

- Advertisement -

Учесници  во работилницата и изработувачи на мобилната вертикална градина се: Бисера Саздовска, Ива Савиќ, Петар Буневски, Сандра Трајковска, Емилија Ѓорѓиоска, Сара Алаѓозовска, Елена Настеска, Елена Невеновска.

- Advertisement -

Јавна соба во соработка со Swiss Contact во период септември – декември 2018 ќе одржи 3 научно-практични работилници во областа на продукт дизајн.

 

Сподели!
- Advertisement -