Денеска стартуваше инвестицијата на американска Дура во вредност од 18 милиони евра!

- Advertisement -

18 милиони евра е почетната инвестиција на на американската компанија „Дура аутомотив системс“ која денеска започна  изградба на производствен капацитет во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје

Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство во Македонија со отворање фабрика на површина од околу 16.000 метри квадратни, а според најавите, се очекува да почне со работа следното лето. Планирано е да бидат вработени околу 500 лица.
Иницијално, производството во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.
Во фабриката на 16.000 квадратни метри ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европски производители на автомобили.
Фабриката во Македонија ќе биде 37-та инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанија „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот.
Сподели!
- Advertisement -