Мундијалот привлече три милиони туристи во Русија

- Advertisement -

Повеќе од три милиони странци ја посетиле Русија за време на Светското првенство во фудбал. Ова е двојно повеќе од билансот по Зимските олимписки игри во Сочи.

„Се проценува дека повеќе од три милиони странски државјани ги посетиле градовите домаќини на мундијалот и сигурни сме дека огромен дел од нив си заминаа со убави впечатоци. Убеден сум дека тоа ќе влијае на начинот на кој на нашата земја се гледа во светот“, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесе агенцијата „Тас“.

Русија им дозволи на странците кои доаѓаа на најпрестижните фудбалски натпревари да влезат во земјата без виза. Медведев изрази уверување дека големиот број на туристи од целиот свет ќе влијаат  позитивно на перцепцијата на Русија.

- Advertisement -

Мундијалот во Русија се одржа од 14 јуни до 15 јули, а градови домаќини беа Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казањ, Калининград, Самара, Нижни Новгород, Волгоград, Ростов, Саранск и Екатеринбург.

МИА

Сподели!
- Advertisement -