Поедноставувањето на секојдневни услуги преку дигитални решенија станува сe почесто, a деновиве беше претставена и првата македонска апликација за донации. Здружението „Хуманост без граници” од Прилеп и сајтот www.donacii.mk го направија ова решение за да може да се донира преку апликацијата.
Како што пишува порталот IT.mk, апликацијата е достапна за Android и за iOS, а единствена цел и е да го направи донирањето полесно. Апликацијата ова и навистина го овозможува преку едноставно споделување на сите лица на кои им е потребна помош.
Апликацијата има телефонски повик до сите апели за помош кои се активни на платформата. Со неколку кликања на екранот корисникот одбира кој проект ќе го поддржи, односно кому ќе донира. Дополнително, апликацијата овозможува едноставно споделување на апелите за помош на социјалните мрежи.