Длабоко под површината на Земјата има милијарди тони дијаманти

- Advertisement -

Под површината на Земјата се наоѓа огромно богатство од неколку милијарди тони дијаманти, соопштија научници од престижниот Институт за технологија на Масачусетс. Меѓутоа, истражувачите предупредија дека засега не се брзаат за да дојдат до нив затоа што се наоѓаат на од 145 до 240 километри под површината на планетата, далеку подлабоко од досегашните бушотини и можности на технологијата.

„Не можеме да дојдеме до нив, а има многу повеќе дијаманти отколку што мислевме претходно“ изјави научникот Улрих Фол и додаде дека дијамантот не е само егзотичен минерал туку нешто релативно заедничко за целата Земја.

- Advertisement -

Користејќи ја сеизмологијата за да се анализира како звучните бранови поминуваат низ Земјата, научниците открија карпи кои ја покриваат Земјината кора и создаваат еден вид обвивка околу неа. После дополнителни истражувања е откриено дека тоа се карпи од дијаманти и дека Земјата под својата површина има далеку повеќе скапоцени камења отколку што се мислело.

Научниците додаваат дека тие дијаманти во блиска иднина нема да се најдат во скапи јувелирници затоа што би биле потребни многу силни ерупции на вулкани за да дојдат поблиску до површината на Земјата, а таквите ерупции се случуваат многу ретко, пишува Bizlife.

Сподели!
- Advertisement -