ЕУ го казни „Гугл“ со рекордни 4,3 милијарди евра

- Advertisement -

Европската комисија потврди дека „Гугл“ ќе треба да плати рекордни 4,3, милијарди евра казна за прекршување на правилата за конкуренција на ЕУ.

Најавата беше очекувана и ја потврди попладнево еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер.

Европската комисија по вторпат ја казнува американската компанија за прекршување на европските правила, со рекордно висока казна.

- Advertisement -

Брисел смета дека „Гугл“ ја злоупотребил својата доминантна положба на пазарот, со тоа што ги присилувала, меѓу другото, производителите на мобилни смарт апарати (телефони и таблети) да ја преинсталираат ексклузивно алатката за пребарување Гугл Срч на уредите кои користат Андроид.

– Со тоа „Гугл“ им оневозможил на конкурентите да развиваат непречено свои производи и ги лишил потрошувачите во ЕУ од бенефитите на конкурентноста – изјави Вестагер за новинарите.

- Advertisement -

Одлуката на Европската комисија доаѓа само неколку дена пред посетата на нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер на Вашингтон, во услови на зголемени трговски тензии меѓу ЕУ и САД.

Запрашана дали стравува дека ова одлука би можела дополнително да ги заостри односите со американската администрација, Вестагер порача дека верува оти САД исто така се залагаат за фер правила на конкурентност и дека „Гугл“ треба да ги почитува тие правила.

- Advertisement -

„Гугл“ има 90 дена да ги смени своите практики или во спротивно ќе плати дополнителни казни.

МИА

Сподели!
- Advertisement -