Компанијата Defense Distributed, на која Стејт департментот на САД своевремено и забрани онлајн дистрибуција на датотеките со планови за 3Д печатење огнено оружје како пиштолот „либератор“, кој го изуми Коди Вилсон, победи во судскиот спор против Владата на САД, пренесува Vidi.hr.
Тоа значи дека судот процени дека компанијата не го крши законот за меѓународна регулација на дистрибуцијата на оружје (ITAR), па датотеките за „либератор“, но и за други пиштоли и пушки кои веќе ги презедоа повеќе од 100.000 луѓе во светот, сега се враќаат на страницата на DEFCAD, од каде што ќе може легално да се преземаат почнувајќи од 1 август годинава.
Коди Вилсон веува дека ова ќе биде преседан кој ќе се применува и во судската пракса во многу земји надвор од САД, но веројатно ЕУ нема да ја повлече забраната, иако тоа е своевиден лов на вештерки затоа што на Интернет може да се пронајдат многу датотеки. Љубовта на Американците кон оружјето и понатаму е голема, без оглед на сите трагедии кои се предизвикани затоа што оружјето е многу доатапно.