Американската платформа за онлајн трговија Amazon го сруши својот рекорд и заработи меѓу 1,5 и 2 милијарди долари за време на промотивниот Prime Day. Неверојатниот рекорд беше поставен поради тоа што купувачите од целиот свет купија повеќе од 100 милиони производи.
Ова предизвика акциите на компанијата да скокнат за околу 0,5 проценти во почетокот на тргувањето на Волстрит, на рекордно високо ниво од 1,858.88 долари, пренесува Reuters.
Најпродавани беа уредите на Amazon за гледање телевизија, Fire TV Stick со далечинскиот управувач Alexa Voice Remote, како и паметните звучници Echo Dot. Овогодинешниот Prime Day почна на 16 јули и траеше 36 часа.
Од Amazon изјавиле дека продале повеќе од еден милион паметни апарати за домаќинства во САД.