Успешен експеримент во Нов Зеланд: четири дена работа неделно за иста плата!

- Advertisement -

Компанијата од Нов Зеланд, која во март ја намали работната недела на четири дена, постигна необичен успех. Дури 78 отсто од вработените сметаат дека успеале да постигнат рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот, што претставува зголемување за 24 процентни поени.

240 вработени во „Перпетуал Гардијан“, компанија која управува со фондови и планирање на недвижнини, ја тестираа четиридневната работна недела во текот на март и април, работејќи четири дена по осум часа, но добивале плата за пет.

- Advertisement -

Академците го проучувале тестирањето пред, за време и по неговото спроведување, собирајќи квалитативни и квантитативни податоци.

Основачот на компанијата, Ендрју Барнс, ја искористи идејата за да им даде на своите вработени подобра животна и работна рамнотежа, и да им помогне да се фокусираат на бизнисот додека се во канцеларија, а да управуваат со обврските дома во остатокот од денот.

- Advertisement -

Џерод Хар, професор за управување со човечки ресурси на Технолошкиот универзитет во Окленд, откри дека задоволството од работата и животот се зголемило на сите нивоа во домот и на работното место, при што вработените подобро ги извршувале своите работни места и уживале повеќе отколку пред експериментот.

Рамнотежата помеѓу работата и животот, која покажува колку добро испитаниците чувствуваат дека можат успешно да управуваат со своите работни и приватни улоги, се зголемила за 24 отсто.

- Advertisement -

Во ноември минатата година нешто повеќе од половината (54%) од персоналот сметале дека можат ефикасно да ги балансираат своите работни и домашни обврски, додека по тестирањето овој број се искачил на 78%.

Нивото на стрес на вработените се намалило за 7 процентни поени како резултат на испитувањето, додека стимулацијата, посветеноста и чувството на зајакнување на работа се значително подобрени, со целокупното задоволство од животот за 5 процентни поени.

Хелен Деланеј, виш предавач на Бизнис школата при Универзитетот во Окленд, рече дека мотивацијата и посветеноста кај вработените за работа се зголемила бидејќи биле вклучени во планирањето на експериментот и одиграле клучна улога во дизајнирањето на начинот на кој ќе се води четиридневната недела за да нема негативно влијание на продуктивноста.

„Вработените дизајнираа голем број иновации и иницијативи за поефикасно и поефективно работење, од автоматизирање на рачните процеси до намалување или отстранување на употребата на интернет за нешта надвор од работата”, рече Делани.

Ендрју Барнс рече дека ќе ги претстави резултатите од тестирањето пред одборот за да отвори дискусија за тоа како четиридневната работна недела може да се спроведе долгорочно во неговата компанија.

„Ако имате родители што поминуваат повеќе време со своите деца, како е тоа лошо?”, прашува Барнс, кој верува дека новиот модел на работа има потенцијал длабоко да влијае на општеството кон подобро.

„Дали веројатно ќе имате помалку проблеми со менталното здравје кога ќе имате повеќе време да се грижите за себе и за вашите лични интереси? Веројатно … ако имате помалку луѓе во канцеларијата во секое време, можеме да направиме помали канцеларии?“, додаде тој.

Министерот за односи на работните места на Нов Зеланд, Иан Лис-Галовеј, рече дека резултатите од тестирањето биле интересни и дека сакал да ги охрабри бизнисите да пробаат нови и подобрени работни модели.

„Навистина сум заинтересиран да работам со кој било бизнис, кој гледа како тие можат да бидат пофлексибилни со нивниот персонал, и како тие можат да ја подобрат продуктивноста додека работат заедно со нивниот персонал, штитејќи ги условите”, вели Лис-Галовеј.

Сподели!
- Advertisement -