Колку пати ви се случило да си купите или да добиете на подарок некоја убава уметничка слика и сакате да ја ставите на ѕид? Особено ако живеете во зграда, не можете да знаете секој ѕид од каков материјал е направен и каде е најлесно да ставите клин, па може да се случи да уништите неколку ѕидови додека најдете некое место каде што можете да ставите клин.
Hard Wall Takker е гаџет создаден токму за таа намена. Со овој уред ќе можете да поставите клин на кој ѕид сакате, без разлика колку е цврст и тоа без воопшто да се намачите. Толку е лесен и безбеден за користење што може да го користат и деца. За да поставите клин треба само да го обележите на ѕидот каде сакате да направите отвор. Го поставувате Takker на тоа место и додека со едната рака го држите прилепен за ѕидот, со другата вртите на рачката поставена странично.
Тоа е се. Потоа во дупката во ѕидот поставувате типла и готово, можете да ја закачите сликата на ѕидот.