Најпознатиот синџир хотели во светот Marriott ќе ги отстрани пластичните сламки од сите 6.500 хотели

- Advertisement -

Не секоја пластика за еднократна употреба е исто опасна. Кога една компанија за океански транспорт ги забрани пластичните сламки беше очигледно зошто – од бродовите полесно ќе завршат во океаните. Но, тоа не значи дека не треба да се аплаудира на истите мерки кои ги преземаат други компании како Marriott Hotels, која ќе ги елиминира пластичните сламки од сите 6.500 хотели во светот во текот на наредната година, пишува TreeHugger.

Ова е битно не само поради огромната количина сламки која се користи во хотелите туку и поради фактот дека хотелите се места каде што се пијат многу пијалаци, а голем дел од нив се покрај брегови или на други локации во природа. Токму затоа оттаму многу полесно сламките можат да завршат во вода.

- Advertisement -

Сек разбира дека проблемот со пластичниот отпад не се решава со ваквите забрани, но брзината со која се случуваат забраните на пластичните сламки во целиот свет е охрабрувачки знак дека може да се постигне консензус и да се преземат одлучни акции за решавање на проблемите кои се чинеа нерешливи.

Сподели!
- Advertisement -