ВИДЕО: Овој трактор се претвора во чамец кога ќе доjде до вода

- Advertisement -

Paouris тракторот веројатно ќе го посака секој земјоделец кој има имот во близина на поголема водена површина. Тракторот го произведува грчката компанија Παούρης (Paouris), која е специјализирана за делови за трактори и увоз и продажба на половни трактори.

Идејата за овој прв амфибиски трактор во светот дошла откако виделе реклама на некој клиент со слоганот „Да го изораме морето“. Изработката на тракторот била навистина голем предизвик, но успеале во тоа.

- Advertisement -

Првиот амфибиски трактор во светот, кој може да се движи по копно и по вода, се движи со помош на пропелер и четири метални џиновски тркала полни со воздух кои се вртат и се лизгаат по водата. Максималната брзина на движење му е околу 10-16 км/ч.

Сподели!
- Advertisement -