Тедески ја продаде Nevа, под чија капа се познатите козметички брендови Rosal, Plidenta и Melem

- Advertisement -

Групацијата Atlantic и компанијата Magdis од Загреб потпишаа договор за купопродажба на компанијата Neva, која е носител на производната програма за комзетика на Atlantic, а под нејзина капа се познатите брендови Rosal, Plidenta и Melem.

Magdis е реномиран производител на козметичката линија Biobaza, како и на фармацевтски и медицински суровини и производи. Со проширување на производниот капацитет и бренд портфолиото станува битен играч на хрватскиот и на регионалниот пазар на козметички производи. Magdis ќе го преземе производниот погон на Nevа во Ракитје и вкупното портфолио на компанијата со 52 вработени, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Групацијата Atlantic продолжува да ја спроведува својата стратешка програма за дезинвестирање на „non-core“ малите бизнис операции, меѓу кои е и програмата за козметика, наоѓајќи го во тој процес како идеален партнер Magdis, со кој делат заеднички вредности и желба за продолжување со раст и развој на угледните хрватски козметички брендови.

Синергијата на двете компании ќе создаде нов простор за раст како на домашниот пазар, така и за позиционирање за раст во регионот. „Во овој процес ни беше исклучително битно да пронајдеме партнер кој ќе ги следи високо поставените стандарди и квалитети, да ја препознае вредноста на брендовите кои влечат традиција од повеќе децении и ја дели визијата на основачите. Magdis е токму таков партнер“ изјавија од Atlantiс.

- Advertisement -

Atlantic ја активираше Nevа во 2003 година од тогашниот фармацевтски гигант Plivа, а една година подоцна ја прошири со аквизирање на компанијата Interchem, во чие портфолио беше омилениот бренд Melem. Neva е најголем производител на козметика во хрватската историја, со високи стандарди на контрола на квалитетот и развојот на производи од големи фармацевтски системи, а дополнета со визионерството на иноватори како креаторот на Melem – Нино Никшиќ. Сличен пат следи и Magdis и нивната линија производи Biobaza, која е основана во 1993 година.

Сподели!
- Advertisement -