ФИТР: Компаниите да поднесат изјави дека немаат носители на јавна функција во сопственоста

- Advertisement -

Сите 79 компании од првиот инвестициски бран на Фондот за иновации и технолошки развој во рок од 15 дена треба да достават изјава со која што ќе потврдат односно негираат дали во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција или член на неговото потесно семејство.

„Фондот за иновации и технолошки развој не е истражна институција, сопственичката структура не е критериум за одлучувањето, но во интерес на траспарентноста и кредибилитетот на целиот процес во којшто верувам длабоко ќе ги повикаме сите компании да се декларираат самите дали има во сопственичката структура некој што е носител на функција“, повика директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

- Advertisement -

За оние компании кои ќе го декларираат тоа, во рок од 15 дена ќе побарам од Комитетот за одобрување на инвестициите повторно да ги разгледа тие проекти. Ќе се побара од Комитетот да испита дали компаниите кои ќе декларираат потенцијален конфликт на интерес навистина ги исполнуваат сите критериуми.

Како што најави, за следниот јавен повик секоја компанија при аплицирањето ќе треба да декларира дали во сопственичката структура има лица кои се носители на јавни функции или членови на нивни семејства.

- Advertisement -

Со 79. компании опфатени со првиот инвестициски бран се уште не се потпишани договори.

 

- Advertisement -

Како што информираше, 79 компании од првиот инвестициски бран предвидуваат инвестици од 20 милиони евра, од кои  10,5 милиони евра се државни средства, а девет милиони евра приватни. Во нив ќе бидат анагажирани 460 лица, од кои 85 ќе бидат нови вработувања, а ќе се исплаќа просечна плата од 48.000 денари.

 

Сподели!
- Advertisement -