Поскапата нафта го поскапува туризмот

- Advertisement -

Aсоцијацијата „Глобал бизнис травел“ објави дека се очекува во 2019 година авиобилетите да поскапат и до 7%, додека цените во хотелите може да се зголемат до 5%

Предвидувањата за 2019 година покажуваат дека зголемувањето на цените на хотелите ќе биде поттикнато од зголемената побарувачка за авионски летови.

Како што пишува MakFax, се очекува дека цените на хотелските соби во САД и Европа ќе се зголемат за повеќе од пет проценти. Инаку, веќе се забележани промени во цената на чартер-летовите.

- Advertisement -

Според извештајот, поради високите цени на нафтата, повеќето авиокомпании сега се во загуба, што значи дека цените во воздушниот сообраќај ќе се зголемуваат и како резултат на тоа ќе има поскапување и во туристичката индустрија.

Сподели!
- Advertisement -