Хрватот Иван Мрвош произведува 15 најсложени и најскапи паметни клупи

- Advertisement -

Изумителот на првата хрватска паметна клупа, Иван Мрвош, објави дека моментално произведува 15 примероци од најсложената верзија на својата паметна клупа – Steora Urban+

„Покраj стандардните функции, клупата е опремена со дисплеј од 19 инчи направен за надворешно огласување, а рекламните материјали на клупите се ставаат преку нашата напредна платформа, која веќе се користи за собирање податоци од сите клупи од целиот свет“, напиша Иван Мрвош на својот Facebook профил.

Софтверот за овој тип клупи моментално не постои во индустријата за надворешно огласување, а освен на клупите, ќе може да се применува и на други дигитални огласни простори. Со новите функции кои дополнително планираат да ги додадат, Мрвош верува дека ќе предизвикаат револуција во индустријата за надворешно огласување. Колку е добар софтверот говори фактот дека веќе три словачки компании за надворешно огласување се воодушевиле по презентацијата на софтверот , пишува Poslovni Dnevnik..

- Advertisement -

Клупата е опремена и со систем за греење за зимските денови. Цената на една клупа за крајните купувачи се движи од 6.500 евра нагоре. Сите примероци на кои работи Мрвош во моментот ќе бидат за извоз.

Сподели!
- Advertisement -