ЕВН со предупредување за лажни профили на социјалните мрежи

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека во последно време се појавуваат профили во кои се користи името на ЕВН, ЕВН Македонија денес соопшти дека компанијата нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку такво нешто се постави сите корисници навреме ќе бидат информирани.

„Ве информираме дека овие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама. Затоа, ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили. Ви посочуваме да не ги оставате личните податоци на овие лажни профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени“ се вели во соопштението.

- Advertisement -

ЕВН Македонија апелира доколку во иднина некој добие покана да следи вакви слични профили, покрај тоа што ќе ги игнорира поканите, задолжително да го информира контакт центарот на ЕВН на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: info@evn.mk.

Со почит,

- Advertisement -

ЕВН Македонија

Сподели!
- Advertisement -