Ефектите на климатските промени можеби најмногу се забележуваат на места како Малдивите, каде што може да се случи морето да проголта се за неколку стотини години. Освен тоа, коралните гребени околу малата островска нација се соочуваат со закани поради се повисоката температура на водата.
Со цел да се создаде едно место каде што ќе се соединат сите економски и еколошки реалности, британскиот скулптор Џејсон Декер Тејлор го направи Coralarium, уметничка галерија која е дизајнирана да биде потопена под вода, пишува TreeHugger.
До Coralarium може да се дојде само преку вода – се наоѓа на 150 метри од хотелот Fairmont, а во галеријата ќе жиеват и некои подводни тополи и корали. Галеријата е висока 6 метри, има форма на коцка и е направена од нерѓосувачки челик специјално направен за подводни градби. Шемата која може да се забележи на металната структура е инспирирана од живеалиштата на коралите. Отворите овозможуваат морските животни да поминуваат низ неа, а исто и да има проток на водата.
Многумина сигурно сега се прашуваат како ќе помогне една подводна ументичка галерија да се намали штетното влијание на туризмот. Всушност, Тејлор и претходно има направено нешто слично на други локации со намера туристите да се привлечат на тие места и да се намали притисокот врз други области.