Се наоѓате во мртва точка во поглед на кариерата? Доколку ви е тешко да продолжите напред, можеби причината е тоа што самите себе се уназадувате дури и ако не сте свесни за тоа. Многумина од нас имаме навики и однесување кои го сопираат нашиот напредок во кариерата. Кога ќе станеме свесни за нив, ќе можеме директно да се соочиме и да ги отстраниме потенцијалните блокади. Еве шест работи кои можеби се спречуваат да напредувате.
1. Не ги знаете основите
Што ќе се случи ако градите куќа на слаби темели? Можебо некое време ќе стои, но еден ден ќе се појабат проблеми и ќе влијаат на вашиот начин на живот. Слично е и со кариерата – доколку не оформите една цврста база на знаење, нема да можете да напредувате подоцна.
2. Нејасни цели
Поставувањето јасни и специфични цели е една од најголемите основи за успех во кариерата. Кога немате, пак, прецизни цели, поголема е веројатноста да се соочите со недостиг на мотивација и бесцелност. Како што докажале и некои експерти, вработените најмногу се мотивирани кога имаат јасно зададени задачи и конкретен фидбек. Кога работите за да постигнете нешто конкретно, имате голема мотивација за да го постигнете посакуваниот краен резултат, а тоа за производ има подобри перформанси.
3. Премногу се грижите за туѓото мислење
Според Аристотел, има само еден начин да се избегнат критиките, а тоа е да не правите ништо, да не зборувате ништо и да бидете ништо. Сакате ли да им угодувате на луѓето? Доколку сте такви, таа тенденција може да ве спречува да го постигнете заслужениот успех. Без оглед на тоа што правите, секогаш ќе има некој кој е незадоволен. Секако дека секогаш треба да дадете се од себе и да ги почитувате мислењата на другите, но не дозволувајте туѓото мислење да го одредува секој ваш потег.
4. Се обидувате се да сфатите сами, без помош од ментор
Бил Гејтс, Боб Дилан, Опра Винфри. Што е заедничко на сите овие луѓе? Сите се неверојатно успешни и сите имале ментори. Многумина мислат дека за да станат успешни, мора да вложат напори како да се искачуваат на Монт Еверест. Сепак, тоа мислење ги спречува да постигнат големи успеси. Реалноста е дека наоѓањето вистински ментор е храбар и многу паметен потег. Менторот кој има постигнато повеќе во поглед на кариерата може да ве советува и да ви помогне да избегнете многу грешки.
5. Лошо менаџирање со времето
Нема сомнение дека е потребно време за да се создаде една кариера или нов бизнис. Многумина тврдат дека е невозможно да се работи на остврување на соништата затоа што нема време за се. Но, вистина ли е тоа? Факт е дека никој нема да ви купи време и да ви го подари. Ваша одговорност е да најдете време за се. Можеби ќе треба да смените некои навики како гледање филмови на Netflix со часови или сурфање на Facebook. Или можеби ќе треба да станувате многу рано наутро. Како и да е, секогаш има начин да се најде време.
6. Прекинавте да учите
Доживотното учење е особина на најуспешните луѓе. Сакате да бидете еден од нив? Доколку мислите дека веќе знаете се, нема шанси да се придвижите напред во кариерата или воопшто, во животот.