Сакате да стартувате сопствен бизнис во 2019 година? Еве што треба да знаете

- Advertisement -

Доколку една од одлуките за годинава беше да стартувате сопствен бизнис, треба да знаете дека се повеќе луѓе се одлучуваат да ја напуштат својата работа и да си ја земат контролата врз сопствената иднина во сопствени раце така што ќе почнат свој бизнис.

Но, почнувањето нов бизнис не е лесно. Независно од тоа каков бизнис сакате да основате и дали ќе го правите тоа од дома или ќе го креирате иднииот глобален феномен вреден милијарди долари, ако не сте подготвени, вашиот бизнис нема да успее. За среќа, има повеќе совети кои можете да ги послушате за да си ја зголемите веројатноста за успех.

- Advertisement -

Ако лансирате нов бизнис во 2019 година, еве неколку корисни совети.

1. Не се стремете кон совршенство

- Advertisement -

Кога лансирате нов бизнис, природно е да сакате се да оди совршено. Но, ако сакате да триумфирате и да успеете, мора да се откажете од таа тенденција кон совршенството. Иако можеби мислите дека со таквиот став ќе бидете помотивирани и повеќе ќе се трудите, тоа не е секогаш така. Всушност, според едно истражување на Harvard Business Review, перфекционистите се повеќе под стрес, поголема е шансата да „прегорат“, да заболат од анксиозност или депресија. Кога почнувате бизнис мора да наидете на пречки. Затоа, очекувате дека нешто ќе ви ги смени плановите и бидете подготвени.

2. Направете си систем за поддршка

- Advertisement -

Градењето бизнис не се прави сам. И тоа не само поради финансиски причини. Потребна ви е поддршка и тоа не само од родителите, од семејството, од сопружникот. Ви треба поддршка и од луѓе кои знаат низ што поминувате. Доколку немате таква поддршка, најдете ја. Почнете да се вмрежувате со локални сопственици на бизниси или онлајн побарајте групи за претприемачи на LinkedIn или на Facebook.

3. Размислувајте долгорочно, не од ден за ден

Само 50% од малите бизниси преживуваат пет или повеќе години. Оваа статистика е таква затоа што сопствениците на бизнис гледаат да преживеаат од денес за утре. Секоја недела издвојте време да размислите што сакате да направите со вашиот бизнис на долг рок. Размислте кои цели сте си ги задале и како ќе ги достигнете. Можеби треба да инвестирате во маркетинг или обуки за вработените? Планирањето на иднината ќе ви помогне да опстанете подолго време.

4. Развивајте ги вештините

Како сопственик на бизнис, никогаш нема да престанете да учите. Можеби почнувате бизнис затоа што имате доста знаење и искуство на некоја тема, но за водење бизнис се потребни различни вештини и експертиза. Како нов сопственик на бизнис вие мора да ги знаете сите можни аспекти од работата. Затоа, развивајте си ја експертизата на полето маркетинг, сметководство, менаџмент итн за да формирате еден сет од потребни вештини за претприемништво.

5. Не земајте залет од старт

Можеби вашиот најголем сон е да станете компанија вредна повеќе милијарди долари, но тоа сигурно нема да се случи. Барем не веднаш. Многу сопственици на нови бизниси се трудат премногу затоа што мислат дека така побрзо ќе постигнат успех. Наместо тоа, не земајте залет и полека растете. Така ќе можете полека да барате инвестиции наместо одеднаш да мора да барате милиони долари инвестиции. Исто така, наместо одеднаш да нудите повеќе нови производи, претставувајте ги еден по еден и оставете време корисниците да ги прифатат.

Сподели!
- Advertisement -