На американскиот синџир пицерии Domino’s му дојдоа преку глава дупките на птиштата и одлучи да ги преземе работите во свои раце. Синџирот пицерии стартуваше кампања во која помага при поправката на патиштата за пиците што ги доставува да притигнат во совршена состојба до корисниците.
Проблемот го сфатија толку сериозно што дури имаат и веб страница на која со графики и детали на корисниците им објаснуваат точно што се случува со нивните пици додека патуваат. Благодарение на поставените камери во кутиите точно може да се види низ што поминуваат пиците кога ќе наидат на некоја од многубројните дупки на патиштата, пишува PoslovniPuls.
За да го решат проблемот, Domino’s вработи одреден број екипи задолжени за пополнување на дупките. Екипите се поделени во неколку градови: Бурбанк (Калифорнија), Тексас, Милфорд, Делавер и Атена (Џорџија).
Секако, целиот проект не е алтруистички. На секоја пополнета дупка ќе го стават своето лого и ознаката „OH YES WE DID“ („ДА, НИЕ ГО НАПРАВИВМЕ ТОА“).
Жителите на овие градови и нивните градоначалници немаат ништо против, затоа што, како што велат, подобро на патиштата да има мала коцка од логото на Domino’s отколку дупка.
https://www.youtube.com/watch?v=JDd-HP3FA4s