Coca-Cola поскапува?

- Advertisement -

Љубителите на Кока-Кола наскоро ќе се разочараат поради тоа што ќе пораснат цените на овие газирани пијалаци, а делумно за тоа се причина новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извршниот директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси, за Wall Street Journal изјави дека компанија презема необични мерки за да ги балансира повисоките давачки, а тоа е покачување на цената на „кока-кола“, диеталната „кока-кола“ и на другите пијалаци на компанијата.

- Advertisement -

Тој истакна дека царините на челикот и алуминиумот, кои ги воведе Трамп претходно годинава, се една од причините за оваа мерка. „Се зголемија многу давачки како транспортот, работната сила и сл. кои влијаеја на нашата и на многу други индустрии“ додаде Квинси.

Овој потег на Coca-Cola следува откако компанијата објави дека се зголемила продажбата на производите, особено продажбата на Coca-Cola Zero Sugar. Не може да се каже со сигурност што ќе значи покачувањето на цената за консументите, иако Квинси изјави дека очекува трговците уште повеќе да ја набијат цената, пишува Business Insider.

Сподели!
- Advertisement -