Се враќа најпознатиот вонземјанин од малите екрани!

- Advertisement -

Компанијата Ворнер Брос размислува за повторно оживување на култниот ТВ лик од осумдесетите години од минатиот век, смешниот и необичен вонземјанин Алф, пренесува B92.

Евентуалната нова верзија на серијата се уште се наоѓа во рана фаза, а продуцентите се во потрага за сценарист.

- Advertisement -

Алф е мал, дебел, влакнест и арогантен вонземјанин чиј што вселенски брод се сруши на кровот на гаражата на семејството Тенер од неименувано американско предградие. Во текот на целата серија Алф се обидува да ја изеде семејната мачка.

Неговото име е пародија од името на филмскиот вознемјанин E.T. (Extra Terrestrial). Алф е скратеница од “Alien Life Form”, вонземска форма на живот.

- Advertisement -

Серијата се емитуваше од 1986 до 1990 година, а големата популарност и даде култен статус. Алф е последен во низата серии чиј што римејк е најавен. Претходно беше најавено враќањето на Твин Пикс, Магнум, Гилморови и други.

Сподели!
- Advertisement -