Facebook ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта на својот живот

- Advertisement -

Facebook пред некое време најави дека планира да влезе во светот на online dating, но не беше јасно дали ќе прави посебна апликација или ќе бидат воведени нови опции во самата мрежа. Според информациите кои ги објави програмерката и истражувачка на кодови, Џејн Манчун Вонг, се чини дека Facebook почна да ја тестира таа опција.

Опцијата Facebook Dating ќе создаде нова мрежа во рамките на Facebook.Корисниците кои ќе сакаат да се вклучат во Dating ќе можат да видат други корисници кои се вклучени, но нема да мора да станат пријатели, освен ако сакаат.

- Advertisement -

Како што може да се забележи од screenshot-овите објавени на профилот на Џејн на Twitter, засега Facebook Dating ја тестираат вработените во Facebook, но со строги правила дека не е наменета за излегување на состаноци со колегите.

На прв поглед Facebook Dating изгледа како повеќето апликации за наоѓање партнери кои веќе се достапни. Корисникот се идентификува по пол (има и опција non-binary, што значи неутрален пол), избира кого сака да запознае и го избира градот во кој се наоѓа за системот да може полесно да предложи слободни личности во близина.

- Advertisement -

Не е познато кога оваа опција ќе стане достапна за корисницие, но сигурно е дека Facebook ќе направи темелни тестирања и проверки што се однесува на безбедноста на корисничките податоци и приватноста. Такво нешто најави и Марк Цукерберг која ја претстави опцијата Facebook Dating.

„Опцијата ја дизајниравме имајќи ја на ум од самиот почеток приватноста и безбедноста. Вашите пријатели нема да го видат вашиот профил и системот сам ќе ви предлага само личности кои не ви се пријатели“, изјави Цукерберг.

Сподели!
- Advertisement -