Македонскиот природен сапун Федор отсега достапен со амбалажа со Брајова азбука

- Advertisement -

ФЕДОР го пушти во малопродажба првиот сапун со натпис со Брајова азбука

ФЕДОР е компанија за производство на природна рачно изработена козметика од природни ладно цедени масла и козјо млеко која постои од 2016-та година. Во jануари годинава го регистрираше и го пушти во продажба сапунот “Фамилијарно пакување” во маркетите COSMO-Тинекс, Мерифарм Охрид и продавниците за здрава храна Биокосмос. Тоа е првиот не-медицински продукт во Македонија со натпис со Брајова азбука.

“Отсекогаш сметавме дека е неправедно што лицата со оштетен вид се особено хендикепирани во препознавањето на производите од делот на козметиката и храната во Македонија. Водени од фактот дека слепите лица можат да ги читаат само кутиите на лековите, имавме визија дека доколку ние како производители на природна козметика почнеме први со производство на продукти кои ќе бидат спакувани во кутии испечатени и со Брајова азбука, ќе дадеме пример кој може да стане тренд и кај останатите компании за производство на козметика и храна а не само кај медикаментите каде компаниите се законски обврзани на печатење на пакувањата со Брајова азбука“, вели Сашо  Стаменковиќ, сопственик на компанијата ФЕДОР.

- Advertisement -

Нивната главна мотивација била да се излезе во пресрет на лицата со оштетен вид кои во Македонија се апсолутно хендикепирани при избор на продуктите за секојдневна употреба.

- Advertisement -

„Сметавме дека ФЕДОР како мала, но општествено одговорна компанија има и социјална одговорност да ги приближи своите продукти до лицата со оштетен вид и се надеваме дека ќе ги мотивираме и останатите компании во Македонија од сите бранши. Тоа е најмалку што можеме сите ние да го направиме за лицата со оштетен вид. Во иднина ќе го направиме тоа со сите наши продукти. Голема благодарност до Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија“, вели Стаменковиќ.

- Advertisement -

 

“Сапунот “Фамилијарно Пакување” од ФЕДОР е првиот продукт од козметиката во Македонија со натпис со Брајова азбука за помош на луѓето со оштетен вид. ФЕДОР е фирма за природна козметика, мала, но сепак голема компанија која прва во Македонија започна со производство на сапуни испечатени и со Брајова азбука за слепите лица. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите домашни компании и со тоа ќе направат огромен придонес во секојдневието на слепите лица во Македонија’’, изјави Николина Трајковска од Национален Сојуз на слепите на Република Македонија.

Сподели!
- Advertisement -