Јапонската влада има рецепт за баланс меѓу приватниот и професионалниот живот

- Advertisement -

Владата на Јапонија ги замоли компаниите и работодавците да им дадат на своите работници слободно утро секој прв понеделник во месецот. Целта на овој потег е да се направи баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, а познато е дека јапонските работници премногу работат, што сe одразува на приватниот живот.

„Сјајните понеделници“, како што ја нарекоа идејата, би требало да ги намалат очекувањата од јапонските работници, иако треба да се напомене дека досегашните слични експерименти немале преголем ефект, пишува Bizlife.

- Advertisement -

Министерство за економија, трговија и индустрија минатиот понеделник ја тестираше идејата, овозможувајќи на третина од вработените да дојдат во канцеларија после ручек. Претставниците велат дека отстуството на стотина вработени во текот на утрото не влијаело негативно на работата на Министерството.

Меѓутоа, останува да се види дали компаниите ќе ја прифатат оваа идеја. Истражувањето кое е спроведено  една година откако е покрената слична идеја под називот Premium Friday открива дека само 11,2% од вработените си заминувале порано од работа во петок. Компаниите тогаш се жалеле дека се презафатени на крајот на месецот за да вработените да можат да им овозможат порано да им се придружат на своите најблиски.

- Advertisement -

Јапонија беше присилена да се спротивстави на својата работна култура откако Мацури Таканаши, дваесет и четиригодишна девојка вработена во маркетинг компанија, изврши самоубиство во 2015 година. Таканаши во месеците пред смртта одработила повеќе од 100 часа прекувремено. Властите нејзината смрт ја окарактеризираа како „кароши“ или смрт поради прекувремена работа.

Планот на јапонската влада е работниците да спијат подолго и да дојдат на работа попладне секој прв понеделник во месецот.

Сподели!
- Advertisement -