Според новото истражување на SimilarWeb, популарноста на Facebook паѓа. Во САД, на пример, месечните посети на Facebook паднаа од 8,5 милијарди на 4,7 милијарди. Овој пад може да се должи на неодамнешните скандали со злоупотреба на личните податоци на корисниците или пак едноставно луѓето поминуваат помалку време на Facebook поради поголемата конкуренција на социјални медиуми на пазарот.
Слично како Facebook, и Google со соочува со пад во сообраќајот, но се’ уште останува далеку најпосетуваниот веб-сајт во светот. За разлика од нив, YouTube покажува голем пораст и може да го замени Facebook на втората позиција на листата на најпосетувани интернет страници во САД, а прашање на време е кога тој тренд ќе се одрази и на глобално ниво.
Многу маркетинг и ПР професионалци веќе размислуваат за промена на својата стратегијата на Facebook, главно поради промените во алгоритмот на оваа социјална мрежа кои го лимитираат органскиот досег за огласувачите. Дали пак сега забележаните промени во интернет сообраќајот може да ги натераат повеќе да инвестираат во YouTube?
Многу прашања за размислување, но неколку работи се јасни во однос на ефективната интернет стратегија:
– Видеото продолжува да расте во својата важност и ефективност;
– Потребна е активност на повеќе од една социјална мрежа;
– Google и Search Engine Optimization се се’ уште многу важни.
(Marketing365.mk)