Група египетски студенти направија возило за еден човек дизајнирано како решение з се повисоките цени на горивата и промовирање на чистата енергија. Ова возило е дел од нивниот дипломски проект. Според креаторите, возилото може да се движи со максимум 40 км/ч и да помине 30 км пред да треба да се дотури гориво – компресиран кислород.
Сепак, студентите се сигурни дека може да направат прототип кој ќе се движи со максимални 100 км/ч и ќе помине 100 км без да треба да се дотури гориво. Изработката на возилото кое го нарекоа Airmny чини 1.000 долари. Студентите кои го направија учат на Универзитетот Хелван во близина на Каиро.
Оперативните трошоци за возилото се речиси нула затоа што се користи компресиран воздух, не се плаќа за гориво и неа потреба од клима. Тимот сега сака да собере инвестиции за да го прошири проектот и да почне масовно производство на возилото, пишува DailyMail