На Messenger стигнуваат нови интересни опции и игри

- Advertisement -

Asteroids Attack и Don’t Smile се две нови игри во проширена реалност кои корисниците на Facebooк Messenger можат да ги играат во групните видеоповици, а наскоро ќе има уште. Facebook Messenger веќе некое време нуди филтри кои ги оживуваат селфи фотографиите со помош на проширена реланост, а сега на Messenger ќе може да се играат такви игри и тоа во групните видеоповици.

Видеоповиците се одлични за сите кои сакаат да разговараат и да ја видат другата личност, но зошто да не се подигнат на друго ниво, се прашуваат во Facebooku. Во разговорот ќе може да се вклучат до шестмина, а од сега сите тие ќе можат да користат филтри. Играта се стартува така што еден корисник избира некоја игра и ги известува другите.

- Advertisement -

Засега на платформата се достапни две игри – Asteroids Attack и Don’t Smile. Првата се игра со нос, така што избегнувате препреки, додека втората верзија е класична игра „кој прв ќе се насмее“. Треба да дојдат уште повеќе. Не е тајна дека Facebook со новите алатки настојува да го продолжи траењето на видеоповиците и така да ги задржи корисниците, но тоа, воедно, е и знак дека навиките на корисниците се менуваат и стануваат се позахтевни.

Сподели!
- Advertisement -