Успешно лансирана соларната сонда на НАСА која ќе се приближи до Сонцето поблиску од кога било

- Advertisement -

Иако вчера поради некои технички проблеми беше одложено патувањето на вселенското летало на НАСА, денес, сепак, беше лансирана од вселенскиот центар „Џон Ф. Кенеди“ во Кејп Канаверал. Ова е првата вселенска сонда која доби име по жива личност – 91-годишниот соларен физичат Јуџин Паркер.

„Одиме! Подготвени сме за учење во наредните години“ извкна Паркер додека го набљудуваше полетувањето на сондата. Сондата Parker Solar Probe беше лансирана денеска на ракетата Delta-IV. Оваа сонда би требало да биде првото вселенско летало кое ќе му пријде на Сонцето поблиску отколку кое било друго летало досега.

- Advertisement -

Сондата е со големина на помал автомобил, а ќе се приближи на 6,1 милион километри со Сонцето, што е седум пати поблиску отколку кое било летало досега. Со тоа ќе стане првото летало кое навлегло директно во атмосферата на ѕвездата, каде што температурата е околу 1.300 степени Целзиусови.

Сондата ќе може да одржува релативно ниска температура иако ќе биде блиску до Сонцето. Обложена е со дебел штит од јаглен од 11,5 см, кој ќе ја одржува температурата на сондата на издржливи 30 степени. Parker ќе направи вкупни 24 круга околу Сонцето, а таму ќе стигне во ноември.

- Advertisement -

Мисијата од ваков тип беше предложен уште пред 60 години, но дури сега е достапна технологијата потребна за неа. Мисијата на НАСА би можела да ги реши и мистериите за Сонцето и неговата атмосфера, која повеќе од половина век е предмет на истражување на научници од целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -