- Advertisement -
Американскиот претседател, Доналд Трамп, повика на бојкот на американскиот произведувач на мотоцикли „Харли Дејвидсон“, кој најави дека поради порастот на трошоците по новите европски тарифи, ќе го пресели производството за европскиот пазар надвор од САД.
Трамп на „Твитер“ објави дека голем дел од менаџментот на „Харли Дејвидсон“ планира да ја бојкотира компанијата ако таа го префрли производството во странство.
- Advertisement -
„Совршено. Голем број други компании ќе дојдат кај нас, меѓу кои и конкуренти на ‘Харли’“, наведе Трамп.
- Advertisement -