Познатиот претприемач Илон Маск е човек со разни интереси. Истовремено лансира ракети, усовршува електрични автомобили и настојува да го колонизира Марс. Токму затоа не му е непознато непочитувањето рокови и неуспесите. Еве некои примери за тие неуспеси и што научил од нив
Научете да се носите со недостигот
„Причината поради која завршив како главен инженер или главен дизајнер не е затоа што сакав. Тоа се случи зашто не можев да најдам никој да вработам. Никој добар не ни се придружи. Така што останав да ја работат таа работа по default“ изјави Маск за раните денови во SpaceX во говорот кој го одржа во 2017 година во Австралија.
Не ја губете работата од видик
Немојте да го тргате погледот од топката. „Првиот пат кога зедов слободна недела, експлодираше ракетата Orbital Sciences. Лекцијата гласи – немојте да земате слободна недела“, изјави Маск во текот на интервјуто во септември 2015 година.
Петта среќа (барем за лансирањето на Falcon I)
„Постои една смешна идеја дека во НАСА неуспехот не е опција. Но, кај нас е. Ако работите не пропаѓаат. не сте доволно иновативни“ изјави Маск во 2005 година.
Не бидете брзоплети
„Грешката која ја направивме со моделот Model X е тоа што ставивме премногу големи работи одеднаш во производот. Гледајќи наназад, подобра одлука би било да се направат помалку работи“, изјави Маск во 2016 година.
Поставете си очекувања
„Постои голема шанса Falcon Heavy да не заврши во орбитата. Да бидам искрен, се надевам дека барем ќе се подигне од платформата – дури и тоа ќе го сметам за успех“, изјави Маск на конференција во јули 2017 година. Ракетата беше успешно лансирана во февруари годинава.
Ако сакате нешто да биде добро направено, направете го сами
Поради проблеми со батериите беше одложена испораката на Teslа Model 3. „Моравме да го правиме софтверот од почеток. Така поминав многу саат работејќи до доцна во Gigafactory“ им рече Маск на инвеститорите минатиот октомври.
Ако се друго пропадне, признајте дека не сте личност која се држи до рокови
„Го градиме првиот Марсовски или меѓупланетарен брод и мослам дека ќе можеме да правиме кратки леови или излети до првата половина на идната година, иако понекогаш моите временски рамки се малку, знаете…“, изјави Маск во март годинава.