Хоророт повторно владее во The Cube – Escape Room! Се отвори новата соба „Dexter

- Advertisement -

Додека ја гледавте серијата „Dexter“ сигурно си замислувавте 1000 начини како вие можете да бидете подобри детективи, да ги следите сите докази и да го обвините Декстер за сите извршени убиства. Сега вистински може да влезете во овој филм, бидејќи The Cube – Escape Room денес ја отвори новата, трета соба инспирирана од оваа серија.
Загатки, препреки, логички размислувања, хорор доживувања и многу емоции е сè она што ве очекува кога ќе се најдете позади заклучените врати на коцката.


Вистината е една, Декстер е бесчувствителен сериски убиец, кој не може да го сопре својот нагон за убиство, па без разлика дали имате симпатии према него и е вашиот омилен лик, мора да најдете начин како за еден час да ги соберете сите докази и да го прогласите за виновен. Само на овој начин ќе докажете дека сте одлични детективи и ќе излезете од собата како победници.

- Advertisement -

Во The Cube веќе се отворени две соби, SAW и Indiana Jones, а големиот број на резервирани термини со одлични reviews, го прават ова место најдобриот, најголемиот и најинтересниот escape room во Македонија.

Бидете и вие дел од оваа авантура. Соберете ги вашите пријатели, колеги, партнери, семејство и резервирајте термин на www.thecube.mk

Сподели!
- Advertisement -