- Advertisement -
Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4 килограми сладолед.
Податоците на Еуростат, пак, покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно.
Во Македонија годишното прозводстви на сладолед изнесува 23.088 хектолитри.
- Advertisement -
Најголем производител во Европа е Германија со годишно производство од 517 милиони литри. На второ место е Италија со 511 милиони литри, трета е Франција со 466 милиони литри, Шпанија е четврта со 319 милиони литри, а Велика Британија со 288 литри е на петто место.
- Advertisement -