Наместо бурма, пирс со форма на прстен

- Advertisement -

Во светот се појави еден сосема неочекуван тренд, кој зема се поголем замав. Уметноста на дупчење на делови од телото и поставување украси се практикува во многу култури, а во модерниот свет нејзина варијанта е пирсингот. Пирсовите на уво, на веѓи, на нос, на уста, на јазик се нешто вообичаено денес. Но, дали сте слушнале за пирсингот на прстот каде што се носи бурмата.

Дијамантите навистина се вечен пријател на жената ако се следи најновиот тренд на поставување на пирс во вид на прстен наместо бурма на прстот. Луѓето денес ги заменуваат венчалните или вереничките прстени со пирсови.

- Advertisement -

Станува збор за вид микродермален пирсинг кој најчесто се поставува на рамни површини на телото како што се клучната коска на вратот, грбот или образите. Пирсот на прстот може да се постави за помалку од 10 минути, а чини од 100 до 200 долари, но доколку сакате некој скапоцен камен на него, ќе треба да доплатите. Заздравувањето на местото на присот трае околу пет месеци.

Докторите веќе ја изразија својата загриженост поради овој тренд и советуваат дека процедурата треба да се прави навистина внимателно, за да се заштитат битните структури во прстот како што се тетивите, а бидејќи прстите ги користиме за се, има поголема опасност да се изложат на бактерии.

- Advertisement -

Како и сите други пирсови, и тие на прстот може да се отстранат, но постапката ќе биде многу повеќе болна отколку самото поставување на пирсот.

Finger piercings are the new engagement rings

Would you say 'I do' to this trend? 💍

Posted by In The Know Reports on Петок, 30 март 2018

Сподели!
- Advertisement -