Превисоката цена го уништи повратот на Пони велосипедите

- Advertisement -

Новиот Пони требаше да се продава во Словенија, Хрватска и Србија по цена од 329 до 789 евра, но на пазарот има многу поевтини велосипеди

Пред две години враќањето на култниот велосипед Пони беше проследен со голем медиумски интерес, но се чини дека оваа приказна е завршена. BTC, еден од двајцата партнери во проектот веќе дигна раце, а Горење за кој се сметаше дека ќе го искористи популарниот бренд од социјализмот за да направи велосипед на електричен погон, наводно веќе најде купувач за компанијата Gor kolesa.

Според пишувањето на словенечкиот весник “Финанце“, Горење ја основаше компанијата Gor kolesa заедно со словенечки BTC, во која Горење имаше удел од 61,5%, а BTC 38,5%.  Кон крајот на минатата година се јави потреба од докапитализација, во што BTC не учествуваше , по што компанијата потпадна под целосна сопственост на Горење.

- Advertisement -

Пред да се случи тоа, беше планирана продажба на Пони со “модерни карактеристики“ во Словенија, Хрватска и Србија. Цената од 329 евра за основниот модел и 789 за најскапиот модел уште од самиот старт внесоа сомнеж во успешноста на проектот. Од Горење не откриваат колку Пони велосипеди се произведени.

“Не е точно дека целосно ќе го стопираме производството на Пони. Тоа и понатаму се одвива во ограничена мерка“, изјавиле од Горење, потврдувајќи ја информацијата за продажба на Gor kolesa како дел од стратешката ориентација на компанијата да се концентрира на основната дејност- производство и продажба на домашни апарати.

Сподели!
- Advertisement -