Обединетите нации ја прогласија Словенија за најчиста земја на светот!

- Advertisement -

Во балканскиот регион, на екс-ју просторите, се наоѓа најчистата земја на светот, со индекс од 96/100 за одржливост, екологија и природни резерви

Обединетите нации, 2017-та година ја прогласиле за „Меѓународна година за одржување на развојот на туризмот“. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а со тоа добила и титула како победник е Словенија.

Како критериуми за рангирање биле земени грижата за околината, стратегијата за справување со климатски промени, биодиверзитет, еколошка свесност, така што титулата е сосема очекувана, бидејќи во 2016 Љубљана беше најзелен град во Европа.

Словенците можат да се пофалат со селектирање на отпадот и негово рециклирање, но и мотивацијата за користење велосипеди и јавен превоз. Исто така, Словенија во најголем дел веќе е гасифицирана и се користи природен гас, а со тоа се намалува загадувањето.

  • Во Словенија најмалку една третина од вкупниот годишен отпад се рециклира.
  • Драстично е намалена емисијата на штетни гасови со воведувањето јавни велосипеди, автобуси на природен гас и забрана за возење автомобили во центрите на поголемите градови, Словенците успеале . Исто така, природниот гас се користи и за греење на станбените простори.
  • 60% од територијата на државата се покриени со шума
  • Земјата има 40 национални паркови и резервати
Сподели!
- Advertisement -