11.8 C
Skopje
петок, април 3, 2026


Раст на приходите од туризмот. Годинава се очекуваат 400 милиони евра!

- Advertisement -

Вкупно 26,5 проценти поголем девизен прилив оствари туризмот во првиот квартал годинава за разлика од истиот период лани, соопшти директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски

Очекувањата се дека 2018-та ќе заврши со прилив до 24 милијарди денари, посета на 1,2 милиона туристи и реализирани 3,2 милиона ноќевања.

Идната година во фокусот на привлекувањето туристи, покрај Турција, Бугарија и Полска кои засега се најбројни, ќе бидат и Романија, Германија и Шпанија.

- Advertisement -

Агенцијата сосема го менува концептот на промоција. Акцент става на он-лајн рекламирањето на кое отпаѓаат 70 отсто. Останатото рекламирање е преку класични медиуми.

Интернет страницата „Мacedonia timeless“ ќе се ребрендира, најави директорот, и ќе добие најсовремен гугл пристап со брзо пребарување… Воедно ќе биде дополнета со 350 текстови и 500 фотогорафии.

- Advertisement -

Агенцијата изработи Македонски туристички пасош во форма на брошура, дополнет со мобилна апликација во која може да се најдат корисни информации за туристичките потенцијали на Македонија. Лансираше и нова едиција водичи за поквалитетна промоција со која се опфатени регионите, манастирите, препознатливите производи, локалитетите, отоманските споменици, објектите и настаните во земјава, нагласи директорот.

Меѓу промотивните материјали е и брошурата за храната и виното во Македонија „Story telling” чија цел е изработка на гастрономски водич за македонската кујна преку искуства, локални специјалитети и промоција на традиционални рецепти. Се подготвува и генерална брошура „Македонија, неоткриено туристичко богатство”.

- Advertisement -