Во понеделник мотивациски настан „Зошто претприемачите се толку посебни?“

- Advertisement -

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување организира настан за мотивација, инспирација и вмрежување на 13 ноември (понеделник) 2017 со почеток од 18 часот, во Кинотека на Македонија, Скопје

Настанот е во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија. Ова е третиот од серијата настани од кампањата „И јас сум претприемач“ која има за цел промовирање на младинското претприемништво како платформа за унапредување на мултиетничката соработка помеѓу младите во Македонија, како и за зголемена соработка на младите со сите релевантни чинители од областа на младинското (само)вработување и мултиетничко општество (граѓански организации, институции, органи на централната и локалната власт).

Целта на мотивацискиот настан е да се мотивираат младите да станат претприемачи, да работат на себе и помеѓу себе и да се запознаат со клучните состојки за успех на секој (сегашен и иден) претприемач. На настанот свое обраќање ќе има д-р Лазар Ѓуров, еден од најистакнатите и реномирани обучувачи и консултанти во земјата, а ќе биде презентирано и документарното видео „И јас сум претприемач“ во кое младите претприемачи вклучени во проектот говорат за тоа што нé чека на патот наречен претприемништво.

- Advertisement -

 

Краен рок за пријавување: 09.11.2017

- Advertisement -

Пријавувањето се врши преку онлајн форма за регистрација достапна на следниот линк: https://goo.gl/ye7XNn.

 

Сподели!
- Advertisement -