Шест безвременски совети од Хенри Форд, Рокфелер, Бенџамин Френклин…

- Advertisement -

Има причина зошто овие историски личности постојано се споменуваат во театрите, телевизија и на фимови и стотици години по нивното време – тие се легенди кога станува збор за богатството, филантропијата и бизнисот. Било да сте извршен директор кому му треба совет или тазе претприемач кој бара мотивација и инспирација, еве шест бизнис икони и некои од нивните најдобри бизнис совети.

Александар Хамилтон, основач на економскиот систем на САД, во писмо од 1969 година напиша: „Мојата амбиција e толку голема што ги презирам  суровите услови на службениците и на сличните на нив и со драга волја ќе го ризикувам животот, но не и својето битие, за да го поплочам патот за иднината“. Хамилтон се родил во сиромаштија на карипски остров, а ова писмо го напишал на само 12-годишна возраст. Хамилтон себеси се замислувал како некој кој ќе ја создава иднината за човештвото,  а таквата одлучност е од непроценливо значење.

- Advertisement -


Бенџамин Френклин
во својата автобиографија од 1789 година напиша: „Јас се изразувам така што секогаш кога имам нешто да кажам ги избегнувам сите зборови кои даваат позитивен привид на некое мислење како што се „секако“, „несомнено“. Наместо тоа велам „Сметам дека ова е…“, „Ми се чини дека…“, Од таа и таа причина, јас мислам дека тоа е….“. Френклин е  еден од основачите на САД, но тој бил и иноватор и се смета за таткото на електрицитетот. Френклин вели дека е многу битно да се зборува така затоа што доколку сте однесувате како да сте апсолутно сигурни, другите нема да ве поправат и ништо нема да научите.

Ендрју Карнеги е магнат за челик, бизнис лидер и филантроп. Во својата книга „The Gospel of Wealth“ во 1998 година тој напиша: „Во фабриката имаме илјадници вработени, исто и во рудниците, а работодавецот не знае ништо за нив, додека тие него го гледаат како некој мит. Секаков контакт меѓу нив е со некаква крајна цел, па незнаењето на едните за другите води до недоверба. Никој нема сочувство за другиот. Честопати има фрикција меѓу работодавците и вработените, меѓу капиталот и работната сила, меѓу богатите и сиромашните“. Иако Карнеги смета дека бенефитите на конкуренцијата се поголеми отколку негативните страни, тој признава дека има голем јаз меѓу различните класи.

- Advertisement -

Џон Рокфелер е нафтен магнат, познат бизнисмен и филантроп. Тој во својата ккнига од 1909 година напиша: „Критиката која е намерно и свесно кажана и е фер секогаш вреди да се прифати од сите кои сакаат да напредуваат. Јас досега сум се соочил со доста критики, но искрено можам да кажам дека тие не ме огорчиле ниту резултирале со омраза кон некого. Не сакам да вратам со критика на секој кој свесно и искрено го изразил своето мислење, иако е различно од моето. Без оглед на тоа колку галама дигаат песимистите, ние знаеме дека светот брзо и стабилно станува подобро место за живот, а тоа е она што треба да го запаметиме во моментите на депресија или понижување“. Тој умерените критики ги земал предвид и го користел за да ги достигне своите цели, но не дозволил злонамерните критики да му одземат време или енергија.


Мадам Си Џеј Вокер
се смета за првата милионерка на САД која сама го стекнала своето богатство. Таа го стекнала своето богатство со продавање производи за нега на коса на жените од афроамериканско потекло. Во еден говор од 1912 година таа вели: „Јас сум жена која потекнува од полињата за памук на југот. Оттаму дојдов да работам како мијачка. Потоа ме префрлија во кујната, а оттаму јас самата себеси се вклучв во бизнисот со производи за нега на коса. Изградив фабрика на мој имот“. Системот за нега на коса која го развила подоцна ќе биде наречен Вокер систем, а нејзиниот талент за самопромоција ја освоил лојалноста на клиентите и на илјадниците продавачи од врата до врата кои ги обучувала.

- Advertisement -

Хенри Форд е бизнис магнат, иноватор на производи за масовно производство и основач на компанијата Ford Motor Company. Во својата книга од 1922 година тој напиша: „Моќта и машините, парите и стоките се корисни за да ни дадат слобода да живееме. Тие се само средство со кое се стигнува до одредена цел. На пример, јас не ги гледам машините кои го носат моето име само како машини. Ако тоа беше така, ќе работев нешто друго. Јас ги гледам како конкретен доказ за успехот на теоријата за бизнисот која се надевам е повеќе од теорија – теорија која сака да го направи светот подобро место за живот“.
Иако имал огромно богатство – во 1918 година имал 1,8 милијарди долари – тој сметал дека парите само му обезбедуваат слобода и освен тоа не му значат ништо. Истото го мислел и за бизнисот – дека секој чекор треба да води кон свет кој е подобро место за живот.

Сподели!
- Advertisement -