Пет начини како повеќе да им се допаднете на колегите

- Advertisement -

Нови сте во канцеларија и се трудите да ја стекнете наклоноста на колегите? Или работите во иста компанија со години, но уште не сте се вклопиле најдобро? Можеби е време да поработите на тоа. Poslovni Puls состави листа со пет работи на кои треба да обрнете внимание во своја корист.

Смејте се почесто

- Advertisement -

Ако им упатите насмевка на колегите при доаѓање или одење од работа, тоа не значи дека се трудите постојано да се смеете вештачки. Станува збор за поврзување со луѓето на работа и создавање атмосфера во која сите се чувствуваат удобно. Ако ви е драго што гледате некој колега и сакате подобар контакт со него, пробајте да му дадете до знаење со насмевки. Смеењето е заразно, ќе се уверите во тоа.

Одвојте повеќе време за запознавање на колегите

- Advertisement -

Иако неколку години работите со колегите, колку знаете за нивните животи? Со оглед на тоа колку време поминуваме на работа, можеби не е лоша идејата да дознаете нешто повеќе за луѓето со кои го делите денот. Секоја недела пробајте да одите на ручек или на кафе со друг колега. Тоа е добра прилика да дознаете нешто повеќе за нив, што сакаат да прават во слободно време и други забавни факти кои ќе сакаат да ги споделат со вас.

- Advertisement -

Заинтересирајте се што сакаат да прават другите

Да, тоа главно значи дека треба повеќе да слушате, а помалку да разговарате. Ако тешко ви паѓа тоа, само размислете за сите одлични информации кои ќе ги чуете кога ќе прашате за некоја повратна информација за проект или идеја. Често не сме ни свесни дека самите на себе сме си најважни и дека зборуваме многу за своите проблеми и случувања. Едно едноставно „Што правиш ти денес?“ може да ви ја отвори вратата кон многу подобар однос.

Бидете им при рака на колегите

Прашајте ги колегите што можете да направите за нив. Направете им кафе или донесете им хартија… Ако сте тргнале да направите нешто за себе и попатно можете да направите нешто за нив, тој мал гест може да им го разубави денот, а и да го поправи вашиот однос.

Делете повеќе комплименти

Кога последен пат некој ви доделил комплимент или ви оддал признание за некој труд? Чувството е одлично, нели? Тоа е затоа што зборовите можат да имаат силно влијание на луѓето. Почнете да набљудувате што се случува  во канцеларијата и одвојте време да препознаете нечиј труд и да оддадете признание за некое достигнување.

Сподели!
- Advertisement -