Дигиталните платформи некогаш и денес: Како да се задоволат потребите на читателите на портали?

- Advertisement -

На панелот “New world order: Како да се произведе содржина за дигиталната ера?“ преставниците на клучни медиуми ќе зборуваат за специфичностите за производство и дистрибуција на содржина за дигитални изданија.

Печатените медиуми порано на своите интернет портали ја објавуваа речиси истата содржина како и во своите весници. Денес дигиталните платформи имаат сопствена форма и оригинален начин за пренесување на информацијата која се разликува од креирањето содржина за традиционални медиуми.

Дигиталните медиуми, како средство за информирање и едукација, почнаа внимателно да го балансираат производството на сопствена содржина како анализи, колумни и брзи вести кои читателите ги очекуваат на порталот. Но, новинарите и уредниците и понатаму се наоѓаат пред нови предизвик на кој начин во услови на голема дневна продукција да ги истакнат квалитетните теми и да ја зголемат нивната читаност, а истовремено да бидат први кои ќе ја објават таа вест.

- Advertisement -

Покрај се поголемата продукција на содржина, видлив е порастот на конзумација и задржување на интернет порталите. Во последните 10 години , покажа истражувањето на Gemius, времето на задржување на дигиталните платформи порасна за 50-100% на месечно ниво.

- Advertisement -

На панелот “New world order: Како да се произведе содржина за дигиталната ера?“ на Weekend Media Festival преставниците на клучни медиуми од регионот ќе објаснат кои се спецификите на производство и дистрибуција на содржина на дигитални платформи.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал годинава ќе се одржи од 20 до 23 септември во Ровиљ, а партнери годинава се Франција и Германија. Сите од маркетинг индустријата своите проекти можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а дигиталните најдобрите дигитални проекти можат да се пријават за најважната дигитална награда SoMo Borac.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -